Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд

Од:

Унгарија е демократска држава која се почитува себеси и е управувана од владеењето на правото и не може да учествува во политички извалканиот меѓународен суд, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во врска со одлуката на владата да го напушти Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Говорејќи на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Будимпешта, Орбан рече дека МКС стана „политички суд“ во последните години и дека телото „повеќе не е непристрасен суд заснован на правила“, објави МТИ.

Ова, додаде Орбан, беше јасно покажано во одлуките на МКС во врска со Израел.

Би можело да ве интересира

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија