Орбан: Унгарија не е антиевропска

Од:

Унгарија не е антиевропска и нејзината Влада застапува вистинска европска позиција, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека ЕУ не е исто што и Брисел, туку е доброволен сојуз.

– Унгарија никогаш не била, ниту е антиевропска. Напротив, Владата застапува вистинска европска позиција, штитејќи го сегашниот европски договор, вклучувајќи ја и првичната распределба на надлежности меѓу членките и Брисел. Брисел ја смени својата позиција, а не Унгарија, истакна Орбан.

Тој во унгарскиот Парламент го обвини Брисел дека „отворено стои на страна на терористите“, што за него е неприфатливо.

Во врска со случајот на мажот осуден во Унгарија поради водење група мигранти, кои ја нападнаа унгарската полиција долж јужната граница, Орбан нагласи дека очевидно за Брисел се поважни „апсурдните лаги на Ахмед Х.“, отколку безбедноста на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта