Орбан: Украинските служби регрутираа Унгарeц, дејствува во интерес на опозицијата

Од:

Украинските разузнавачки служби регрутираа унгарски државјанин, кој дејствува во интерес на опозициската партија Тиса, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го емитувањето на снимката од сослушувањето на ИТ експертот.

„Нема повеќе прашања. ИТ експертот призна дека бил регрутиран од Украинците. Неговото сведочење е јавно и секој може да го чуе. Унгарската контраразузнавачка служба го направи она што мораше да го направи. Ќе го браниме мирот и безбедноста на Унгарија“, напиша Орбан на Фејсбук, пренесува ТАСС.

Во последните денови, унгарската влада објави докази за присуство на членови и агенти на украинската разузнавачка служба на територијата на земјата, кои се обидуваат да дојдат до државни тајни и да дејствуваат во интерес на опозицијата, соопшти агенцијата.

Меѓу другото, беше објавено дека Украинците се обиделе да го прислушуваат мобилниот телефон на министерот за надворешни работи, Петер Сијарто и дека нивните агенти учествувале во работата на партијата Тиса.

На 26 март, Орбан побара од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, веднаш да ги повлече членовите на украинските служби од Унгарија. Тој истакна дека изборите во Унгарија никогаш порано не биле изложени на толку големо странско мешање.

Парламентарните избори, по кои ќе се формира нова влада, се закажани за 12 април.

Би можело да ве интересира

Силна американска поддршка за Орбан – Џ.Д. Венс патува во Унгарија пред изборите

А1он

Орбан му одговори на Зеленски: Не сум загрижен за заканите со смрт!

А1он

Орбан ја користи војната во Иран во изборната кампања – може да има корист од улогата на гарант за безбедност

А1он

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Опозицијата има огромна предност пред Орбан, покажува најновата анкета пред изборите во Унгарија