Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно го постави прашањето за спроведување на смртна казна во Европската унија, истакнувајќи дека секоја земја-членка треба да донесе сопствена одлука за тоа прашање.
– Сакаме ЕУ да заземе заеднички став дека секоја земја-членка, на национално ниво, може да донесе одлука дали да воведе смртна казна или не. Ако тоа се случи, би можеле да одлучиме дали да прифатиме (смртна казна) или не. Нема причина сите земји-членки на ЕУ да мислат исто за тоа прашање, посочи Орбан.
Унгарија ја укина смртната казна како еден од условите за влез во ЕУ во 2004 година. Орбан прашањето за смртната казна го покрена по убиството на млад сопственик на трафика во Капошвар, јужна Унгарија, што презивика гнев во земјата.