Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот во Белата куќа разговарале за купување ракети со среден дострел за противвоздушна одбрана, со цел подобрување на системот за воздушна одбрана на Унгарија.
Тој додаде дека побарал од Трамп да помогне во почнување на производство на природен гас во романскиот дел на Црно Море, за да биде обезбедена алтернатива на рускиот гас.