Орбан: Прерано е да се зборува за одложување на локалните избори

Од:

Премиерот на Романија, Лудовик Орбан денеска изјави дека е прерано да се размислува за одложување на локалните избори, што се закажани на 28 јуни.

Тој додаде дека во зависност од ситуацијата со новиот коронавирус ќе бидат донесени соодветни одлуки.

– Знаете дека се откажавме од првиот датум, што го сметавме за добар, 14 јуни и во консултации со парламентарните партии, во принцип е договорено локалните избори да се држат на 28 јуни. Ќе видиме како ќе се развива сиуацијата и ќе одлучиме дали да ги одложиме изборите или не, исто така во консултации со парламентарните партии, посочи Орбан.

Тој додаде дека е тешко да се предвиди како ќе се шири новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген