Oрбан предложи амандман за правата на членките против „империјата“ на Брисел

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска поднесе амандман против какви било идни напори на ЕУ околу разместување на бегалците, кои се однесуваат на правата на секоја земја членка на блокот да се спротивстави на „империјата управувана од Брисел“, јави Танјуг.

Тој на денешното отварање на собраниската расправа за амандманот, истакна дека секоја земја одлучува за својата судбина, додека некои пак, сакаат да го заменат тоа демократско одлучување со „безличен бирократски директорат“.

Крајно десничарската партија „Јобик“ го поддржува амандманот, „оти мултикултурализмот не функционира“, како што велат.

Социјалистите, кои ја претставуваат најголемата левичарска партија, најавија бојкот на гласањето.

Референдумот одржан на 2 октомври во Унгарија, е прогласен за неважечки, поради ниската излезеност, иако 98 отсто од Унгарците кои гласаа се изјаснија против задолжителни квоти за распоредување на имигрантите во земјите од ЕУ.  

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Орбан: Дозволувањето на Украина да влезе во ЕУ на крајот ќе ја уништи европската економија

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

Орбан: После изборите во САД, јасно се гледа кој сака мир, а кој сака војна

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи