Орбан по средбата со Макрон: Некои земји од Западен Балкан чекаат 15 години за да влезат во ЕУ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорот со Емануел Макрон изјави дека Франција ја поддржува унгарската програма за претстојното претседателство со Европската Унија и дека заедно ќе работат на проширувањето.

„Некои земји од Западен Балкан чекаат 15 години за да влезат во ЕУ. Ова е лошо, можеби дури и понижувачко. Огромното мнозинство од земјите членки сакаат земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, да се приклучат на ЕУ што е можно поскоро“, рече Орбан во средата, додавајќи дека за време на своето шестмесечно претседавање со Унијата, Унгарија ќе работи на тоа.

Тој додаде дека францускиот претседател го поддржал и планот на Унгарија за зајакнување на европската економија.

Орбан посочи и дека со Макрон разговарале за односите меѓу двете земји, актуелните прашања во ЕУ, како и за војната во Украина.

„Јасно му кажав на претседателот дека Унгарија не е ниту на страната на Украина ниту на Русија, туку се залага за мир“, рече тој.

Премиерот на Унгарија посочи дека со Макрон разговарал и за односите на Будимпешта со Кина и посочил дека Унгарија има избалансирани и добри односи со Пекинг. Кога станува збор за лидерските позиции во ЕУ, Орбан рече дека се одлучиле највисоките позиции, нагласувајќи дека сепак Унгарија секогаш била за вклучување на сите во европските одлуки.

Би можело да ве интересира

Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е во застој, на Унијата и се потребни нови членки

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Орбан: Западот на чело со САД се обидува да ја победи Русија, но не и да се вклучи во конфликтот

Орбан: Западот сака воено да ја победи Русија за да го задржат богатството на Украина

Горан Наумовски

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војната