Орбан по гласањето: Противниците можат да ја вклучат Унгарија во конфликтот

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше придружуван од сопругата Анико Леваи, по гласањето на парламентарните избори во Унгарија, рече дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот, пренесува агенцијата МТИ.

„Тоа би било трагично за Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.

Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска имаа можност да гласаат за нов состав на Парламентот.

На владејачката партија Фидес на премиерот Орбан и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија, предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.

Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија.

Првпат изборите во Унгарија ги следат 200 меѓународни набљудувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ