Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска нагласи дека Унгарија има подготвено ограда на границата со Хрватска и ќе донесе конечна одлука за затворање на унгарско-хрватската граница до утре наутро.
Орбан пред самитот на Европската унија во Брисел изјави дека Будимпешта преферирала ЕУ да ги брани своите граници во Грција откаде стотици илјади бегалци оваа година влегоа на територијата на Унијата.
– Бидејќи тоа не се случи Унгарија има готова ограда на границата со Хрватска и ќе донесе конечна одлука до петок наутро, посочи Оран.
Тој додаде дека границата може да биде затворена „во рок од еден час ако е потребно“.