Орбан: Не се откажувам од блокадата на Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште еднаш јасно се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Украина и рече дека за тоа може да се разговара само кога Киев ќе ги исполни потребните услови.

„Нема причина сега да се преговара за членството на Украина. Мора да се вратиме на тоа прашање кога Украина ќе ги исполни предусловите“, рече Орбан пред почетокот на самитот на ЕУ.

Главните теми на самитот се проширувањето – лидерите ќе се обидат да постигнат договор за отворање на преговорите со Украина и Молдавија – и ревизијата на повеќегодишниот буџет, кој е поврзан и со Украина.

Орбан, исто така, се противи на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина до 2027 година.

Унгарскиот премиер порача и дека треба да почекаме да се одржат европските избори и потоа да се обидеме да постигнеме консензус за отворање на преговорите со Украина. Тоа значи дека тој предлага да се одложи одлуката за отворање преговори со Украина за најмалку шест месеци.

Со оглед на постојаното противење на Орбан на тие клучни одлуки за ЕУ, се очекува овој самит да трае долго.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Орбан: Дозволувањето на Украина да влезе во ЕУ на крајот ќе ја уништи европската економија

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

Орбан: После изборите во САД, јасно се гледа кој сака мир, а кој сака војна

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи