Унгарскиот премиер Виктор Орбан, преку својот Фејсбук профил упати честитка до матурантите кои денеска полагаат историја, проследено со картата на „голема Унгарија“.
На таа карта, во границите на Унгарија е територија која зафаќа голем дел од Хрватска, сè до Риека и Далмација.
Орбан и во декември објави фотографија на „голема Унгарија“, кога претседателството на неговата партија Фидес одржа состанок пред големата карта на „историска Унгарија“.
56. Az érettségizők történelmet írnak. Hajrá // 56. A historic exam. Good luck!
Posted by Orbán Viktor on Вторник, 05 мај 2020
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ тогаш рече дека тоа не е првпат таа карта да се покажува на состаноците на Фидес, оценувајќи дека „хрватските граници се онаму каде што се“.
Во јуни минатата година, официјалната унгарска страница на Твитер на англиски јазик „About Hungary“ објави илустрација со која се сугерира дека по Прватска светска војна и Трианонскиот договор, на Унгарија и биле одземени две третини од територијата, меѓу кои и 63 илјади километри квадратни, кои се дел од денешните Хрватска, Словенија и Србија, односно Војводина.
Словенија изрази осуда, додека Хрватска не реагираше.