Орбан: Имаат „план Б“ за Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х објави дека ЕУ подготвува „план Б“ кога е во прашање финансирањето на Украина.

Во таа прилика тој рече дека Будимпешта го поздравува тој потег.

„Добро е да се види дека Европската комисија подготвува „план Б“ за 1 февруари, според кој финансиската поддршка за Украина може да се обезбеди надвор од буџетот на ЕУ. Ова е добра одлука! „Планот Б“ на Европската комисија е „план А“ на Унгарија“, рече Орбан.

Претходно претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕК подготвува алтернативни опции за обезбедување финансиска помош за Украина, потсетува РИА Новости.

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извори, објави дека ЕУ подготвува резервен план за помош на Украина во износ до 20 милијарди евра со зголемување на долгот, што ќе овозможи да се заобиколат блокадите на Орбан.

Да потсетиме дека на самитот во декември Унгарија го блокираше договорот на ЕУ за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата. Тогаш 26 земји од ЕУ се согласија да и обезбедат на Украина пари од буџетот на Унијата до 2027 година, но Унгарија беше против тоа, а потребна е едногласна одлука.

Би можело да ве интересира

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски