(ВИДЕО) Орбан го поддржа Додик на изборите: Добро го познавам, ги штити интересите на српскиот народ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено го поддржа Милорад Додик во неговата кандидатура за претседател на Република Српска.

Во краткото видео обраќање, Орбан ја нарече Република Српска „почесен сосед“ на Унгарија.

„Унгарија ја смета Република Српска за свој почесен сосед. Затоа она што се случува со вас е многу важно за нас. Тоа има влијание врз Унгарија и целиот регион, но секако дека влијае и на вашите животи, односно на животите на нашите пријатели“, рече Орбан.

„Во РС претстојат важни избори. Добро го познавам вашиот претседател, г-дин Додик, кој е добар пријател на Унгарија и на унгарскиот народ, а горд сум и на нашето лично пријателство. Во него запознав човек кој е подготвен да го зачува мирот, кој е отворен за дијалог, кој се залага за почитување на Дејтонскиот договор и кој секогаш и во сите околности ги штити интересите на српскиот народ“, рече Орбан.

Тој рече дека отсекогаш го поддржувал Додик, и затоа сака да соработува со него и во иднина.

„Се надевам дека и по изборите ќе имам можност да го сторам тоа. Господ да ги благослови сите Срби на целиот Балкан“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема да застанат зад резолуцијата за Сребреница

Додик: Германија, САД и Велика Британија се најголемите виновници за политичката криза во Босна и Херцеговина

Додик: Во БиХ нема вонредна ситуација, Република Српска го почитува Дејтонскиот договор

Орбан: Во Унгарија има повеќе работа отколку квалификувана работна сила

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ