Орбан ги осуди мултикултурализмот и либерализмот

Од:

Во својот годишен говор за состојбата на нацијата унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги осуди мултикултурализмот и либерализмот и вети дека ќе се бори против бранот миграција што „се заканува неговата земја да ја претвори во бегалски логор“.

Орбан истакна дека неговата влада ја напуштила неолибералната економска политика, мерките за штедење и либералната социјална политика која ја отфрла христијанската култура, пренесуваат американските медиуми.

Унгарскиот премиер, исто така, мултикултурлното општество го нарече „илузија“.

Орбан истакна дека унгарскиот човек „по својата природа е политички некоректен, а тоа значи дека не го загубил здравиот разум“.

Тој, често пати, е подложен на критика од Западот заради својата минатогодишна изјава дека сака Унгарија да биде „нелиберална“ држава.

Зборувајќи за мигрантите Орбан запраша дали е можно да ги вклучат луѓето кои не се подготвени да ја прифатат, а во „некои случаи се решени и да ја уништат“ европската култура.

Орбан, исто така, се запраша дали може да се спречи враќањето на духот на Студената војан и дали Унгарија може да ја спречи Русија повторно да не стане нејзин непријател.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта