Орбан: Европските ветувања за Турција се чиста илузија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ветувањата на ЕУ дека на Турција ќе и даде финансиски средства и други отстапки во замена за спречување на бегалците да го напуштаат нејзиниот брег на пат кон Европа, се „чиста илузија“.

– Покорно го молиме турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за безбедност на нашите граници, во замена за пари и ветувања, бидејќи не можеме сами да ги заштитиме. Со тоа Европа својата иднина и безбедност ги прави зависни од добрата волја на Турција. Брисел им дава на Турците ветувања кои не можеме или не сакаме да ги исполниме. Планот да примиме стотици илјади бегалци од Турција и да ги распоредиме ширум Европа е илузија, истакна Орбан.

Унгарскиот премиер нагласи дека доколку Унгарија се согласи на такво нешто, тогаш „тој би бил врзан за столб во Будимпешта“.

Земјите членки на ЕУ овој месец одобрија фонд од три милијарди евра за Турција, со цел да ги подобри условите за живот за бегалците на турска територија, во замена за ветување дека Турција ќе се погрижи колку е можно помалку бегалци да продолжат кон Европа.

Орбан е еден од најдиректните критичари на политиката на отворени врати за бегалците на германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта