Европската унија самата си наштети економски со тоа што воведе санкции против Русија поради Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој повика на преразгледување на оваа политика.
– Политиката на санкции, што ја води Западот, односно ние и што резултираше со содветни реакции од страна на Русите, повеќе ни штети нам, отколку на Русија, истакна Орбан во радио интервју.
– Во политиката тоа се вика самиот да си застрелаш во ногата, додаде унгарскиот премиер.