Орбан: Европа ископа јама за Русија во која самата падна

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Брисел против Москва не ги исполниле очекувањата и дека Европа паднала во јамата што самата ја ископала за Русија.

-Санкциите не функционираа како што очекуваше Брисел кога ги воведе. Смисливме план да им ископаме јама на Русите, а потоа паднавме во неа, изјави Орбан.

Во интервју за унгарското радио Кошут Орбан кажа дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите-членки, но и дека се погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесе МТИ.

-Порано или подоцна, здравиот разум ќе надвладее, рече тој.

Унгарскиот премиер додава дека долгорочно решение меѓу Украина и Русија може да се постигне само преку договор.

-Завршувањето на војната без јасен договор само ќе ја одложи за годините што доаѓаат, рече Орбан.

Премиерот посочи дека западните земји кои ја поттикнаа војната ќе мора да ги платат сметките за обнова на Украина.

-Тоа е незамисливо голема бројка, нагласи Орбан.

Орбан заклучил дека Украина и пред војната не можела самостојно да заработи доволно пари за да го финансира нормалното функционирање на земјата и дека по конфликтот дефинитивно ќе биде во поголем економски проблем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Орбан: Дозволувањето на Украина да влезе во ЕУ на крајот ќе ја уништи европската економија

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

Орбан: После изборите во САД, јасно се гледа кој сака мир, а кој сака војна

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи