Орбан: ЕУ е слаба, несигурна и парализирана

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека кога е во прашање бегалската криза Европската унија е „слаба, несигурна и парализирана“.

Орбан при обраќањето во унгарскиот парламент изјави дека планот на ЕУ за распределување на бегалците меѓу државите членки е незаконски и дека ќе го прошири тероризмот низ Европа, пренесува Танјуг. 

Премиерот на Унгарија истакна дека никој не може со сигурност да каже колку терористи влегле во Европа кои се кријат меѓу бегалците, но дека и да се работи за само еден терорист, и тоа е премногу. 

Тој додаде дека ЕУ треба да заборави на политичката коректност и да се врати на здравиот разум така што ќе ги усвои мерките за заштита на своите надворешни граници, својата култура и економските интереси и да им обезбеди право на европските народи да влијаат врз одлуките на ЕУ. 

Унгарија на своите граници со Србија и Хрватска подигна ограда како би го ограничила приливот на белгалци.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта