Во Москва се одржува таканаречениот опозициски Марш на милионите. На него ќе бидат изнесени барања за политички и социјални реформи во Русија.
Милионскиот марш се организира откако критичар на претседателот Владимир Путин беше избркан од Думата. Пратениците гласаа против нивниот колега Генади Гудков поради комерцијална активност.
Гудков, кој е поранешен агент на КГБ, смета дека одлуката е мотивирана од неговите критики за неуспешните реформи.
Денешниот марш е трет што годинава се одржува, а поддржувачите на опозицијата ќе тргнат од центарот на москва и ќе го завршат својот протест пред обележјето на сахаров. Протестот ќе го обезбедуват 7.000 полицајци.