Опозицијата во Буркина Фасо против преземањето на власта од армијата

Од:

Опозицијата во Буркина Фасо и разните продемократски групи во оваа западноафриканска земја повикаа денеска на нови масовни протести против армиските сили кои ја презедоа власта по оставката на досегашниот претседател Блез Компаоре.

Лидерите на опозициските партии велат дека бунтот по кој беше соборен Компаоре, по 27 години управување со земјата, е дело на народот на Буркина Фасо, а не на армијата, која сега настојува да го преземе за себе она што се постигна со уличните протести.

Повикот за нови демонстрации доаѓа веднаш откако армијата потврди дека потполковникот Исак Зида, вториот во хиерархијата на командувањето со претседателската гарда, е определен за преоден лидер на земјата. Војската вели дека ваквото решение се однесува само за периодот на транзиција, но не се соопштува колку тоа ќе трае.

Според Уставот на земјата, во случај на оставка на претседателот или смрт, претседателската функција привремено ја презема претседателот на Сенатот. Неговата задача е во периодот меѓу 60 и 90 дена да организира претседателски избори за нов шеф на државата.

Опозицијата стравува дека решението на војската, таа самата да определи воено лице да управува со земјата, по оставката на претседателот, претставува вовед во воен удар.

Во Вагадугу е соопштено дека досегашниот претседател на Буркина Фасо одлетал во соседната држава Брегот на Слоновата Коска.

Војската претходно соопшти дека Блез Компаоре се наоѓа „на безбедно место“, не потенцирајќи дали е во затвор или е во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска