Опозицијата планира бојкот на претседателските избори во Романија, тврди новата владеачка структура

Од:

Романската владеачка Национално-либерална партија (НЛП) денеска ја обвини неодамна симнатата од власт Социјалдемократска партија (СДП) дека планира да ги бојкотира претседателските избори, пишува весникот „Романија либера”.

Весникот посочува дека Владата на НЛП се судрува со проблеми само неколку дена пред изборите, бидејќи повеќемина префекти, назначени од СДП, земале боледување, а либералите сметаат дека тоа е обид за блокирање на изборите, чиј прв круг е закажан за оваа недела.

-Социјалдемократите се очајни. Дале наредба за отворање боледување, за да не бидат сменети. Префектот и подпрефектот во Арад земале боледување за да ги блокираат изборите, изјави првиот заменик претседател на НЛП, Рареш Богдан, цитиран од весникот „Адеверул“.

И премиерот Лудовик Орбан синоќа, во телевизиско интервју, посочи дека ниту еден префект или подпрефект, назначен од СДП, нема да остане на својата должност, а боледувањата се стратегија за да не бидат веднаш избркани од функциите, пренесе БТА.

Согласно законот, префектите имаат серија надлежности во однос на организацијата на изборите – од транспортот на материјалите неопходни за гласањето, до обезбедување на чуварите на избирачките места, забележива Хотњуз.

Весникот „Гандул” јавува дека Орбан го почнува прочистувањето на јавните институции од лица назначени по критериуми што се различни од компетентността. -Треба да го заборавиме тој период, кога именувањата се правеа зад затворени врати, преку врски, непотизам или врз основа на партиска книшка, посочи премиерот. Тој уште кажа дека веќе ги потпишал првите решенија за смени на државни секретари, вклучувајќи ги и синовите на некои политичари, како Адријан Настасе, Думитру Бузату и други. -Мислам дека ќе добијам запаление на мускулите од потпишувањето на решенијата за смени, изјави Орбан.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски