Опозицијата му даде рок од два дена на Морси да поднесе оставка

Од:

Египетската опозиција синоќа на преседателот на Египет, Мохамед Морси му постави рок од два дена за да поднесе оставка, откако при судири меѓу приврзаници на власта и учесници во антивладините протести во текот на изминатиот викенд загинаа 11 лица.

Организаторот на протестите, Младинското движење „Бунт“ (Тамаруд) објави декларација во која се наведува дека „преседателот има рок до 17 часот во вторник да се откаже од своите надлежности и да им овозможи на државните структури да организираат предвремени избори“.

– Во споротивно ние ќе го повикаме египетскиот народ на масовни протести на сите плоштади, вклучително и пред претседателската палата, како и на граѓански отпор… Не прифаќаме компромиси, нема друга алтернатива освен мирно отстапување од власта на Муслиманското братство и на нивниот кандидат Морси, се наведува во декларацијата.

Во документот се посочува дека движењето нема да дозволи крвопролевање и запаѓање на земјата во „котелот на граѓанската војна“.

По барањето на опозицијата се огласи портпаролот на египетскиот претседател Омер Амер, кој изјави дека на Морси му е јасно дека направил грешки и дека е подготвен да ги поправи.

– Претседателот очекува одговор на неговиот повик за национален дијалог и е подготвен да ги сослуша сите, дополни Амер.

При судири меѓу привразнци и противници на претседателот Морси во повеќе градови ширум Египет во текот на изминатот викенд, според последните податоци, загинаа вкупно 11 лица, а над 610 се ранети.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина