Зградата на приватната паравоена организација „Вагнер“ во Санкт Петербург е оградена и опколена. На влезот има полицајци и припадници на Националната гарда, а ситуацијата околу овој објект моментално е мирна.
Неколку полициски автомобили се паркирани пред седиштето на „Вагнер“, а група новинари кампуваат преку улицата од зградата. Органите на редот во Санкт Петербург заедно со градските власти ја контролираат ситуацијата, но безбедносните мерки во градот се зајакнати, соопшти прес-службата на градската управа.
„Ситуацијата во Санкт Петербург е мирна и под контрола. Гувернерот Александар Беглов е во постојан контакт со раководителите на органите на редот во градот. Во Санкт Петербург остануваат на сила строгите безбедносни мерки“, соопшти прес-службата.