Операциите на руските ВВС тема на состанокот на Путин со СБ на Русија

Од:

Операцијата на руските ВВС во Сирија, ситуацијата во Украина и внатрешни прашања биле разгледани денеска од претседателот на Федерацијата, Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија.

Прес секретарот на Кабинетот Дмитриј Песков изјави дека била изразена загриженост „во врска со провокациите на разграничната линија во Донбас“, нагласи Песков.

– Станува збор посебно за пукање врз позициите кои ги имаат ЛНР и ДНР – сепаратистички непризнати републики во регионот од страна на владините сили, додаде тој. Разгледани биле и прашања од социјално економски внатрешен дневен ред во Русија како и за безбедноста на летовите.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот