Опасност од нови поплави во уште два округа во Романија

Од:

Романските власти денеска објавија предупредување за можна опасност од нови поплави во окрузите Јаломица и Прахова во југоисточниот дел на Романија, јави агенцијата Аџерпрес.

Во предупредувањето, кое ќе биде во сила до вечер до 24 часот, се наведува дека постои опасност од излевање на реките Телеажан, Прахова и Јаломница, чии нивоа се значитечно покачени поради поројните дождови што поаледниве неколку дена ги зафатија јужните делови на Романија.

Поплавите што од вчера ја зафатија јужна Романија, предизвикаа и прекин во снабдувањето со електрична енергија во две села во округот Олт. Според локалните власти, во оовј округ поплавени се речиси 1.000 хектари обработливи површини и пасишта.

Во округот Прахова, пак, поплавени се десетици ниви и подруми, а во Валча многу жители Христовото воскресение го дочекаа со испумпување на вода од нивните подрумски простории и имоти.

Во меѓу време, романските медиуми јавија дека две лица се водат како исчезнати кога чамец, со кој патувале пет луѓе, се превртил во надојдените води на реката Бузау. Тројца од патниците успеале да допливаат до брегот, додека двајцата исчезнати ги одвлекла водата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски