Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост од насилствата во Египет каде четири лица беа убиени вчера за време на исламистички демонстрации.
– Тој ја нагласи неопходноста демонстрациите да бидат мирни, да се почитува слободата на собирања и ненасилство, изјави негов портпарол Мартин Несирки.
Според него, Бан одново настојува за политички процес во кој ќе бидат вклучени сите, почитување на правата на човекот вклучително и за приведените. Нови демонстрации се очекуваат утре во Египет.