ОН: За 10 месеци во Украина загинаа над 5.000 лица

Од:

Од почетокот на конфликтот во Украина, лани во април, па досега, животите ги загубија над 5.000 лица, соопшти денеска Комесаријатот на ОН за човекови права (УНЦХР), додавајќи дека е можно бројот на загинати да е многу поголем.

– Значителното зголемување на непријателските активности доведе до бројка од 5.086 загинати, но стравуваме дека вистинската цифра може да е значително поголема, изјави портпаролот на УНЦХР, Руперт Колвил.

Во вкупната бројка на загинати, според податоците на УНЦХР, влегуваат и 262 жртви во судирите меѓу украиснките сили и проруските сепаратисти во последниве девет дена, кои според Колвил, се „најкрваиот период“ од прогласувањето на прекинот на огнот на почетокот на септември минатата година.

Во исто време, Високиот комесаријат на ОН за белаци (УНХЦР) соопшти дека новите безбедносни мерки на украинските власти ги отежнуваат напорите за доставување помош во зоните на конфликт во источна Украина и животот на оние лица што ги напуштиле своите домови.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина