ОН: Воениот удар во Мјанмар може да ја влоши ситуацијата за Рохинџите

Од:

Обединетите нации стравуваат дека државниот удар извршен во Мјанмар ќе влијае на влошување на ситуацијата за стотици илјади луѓе од муслиманската заедница Рохинџи, кои живеат во северниот дел на оваа држава.

– Околу 600.000 Рохинџи останаа да живеат во таа држава, вклучувајќи ги и оние 120.000 кои се затворени во кампови, не можат слободно да се движат и ограничен им е пристапот до основните здравствени и образовни потреби. Стравуваме дека актуелните случувања би можеле да предизвикаат влошување на ситуацијата за нив, истакна портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.

Според дипломатски извори, Советот за безбедност на ОН би требало денеска да ја разгледа ситуацијата во Мјанмар.

– Сакаме да ги разгледаме долгорочните закани за мирот и безбедноста во соработка со соседите на Мјанмар, изјави британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд.

Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Бачеле ги предупреди воените сили во Мјанмар да се воздржат од употреба на прекумерна сила, додавајќи дека е потребно да делуваат согласно меѓународните правила кои се однесуваат за заштита на човековите права.

– Апелирам да бидат ослободени 45 уапсени лица откако војската ја презеде власта и изразувам загриженост поради рестрикциите на интернет мрежата, кои ја ограничуваат слободата на изразување, нагласи Бачеле.

Во меѓувреме, војската на Мјанмар ослободи поголем дел од уапсените државни и регионални функционери, објави агенцијата Синхуа, повикувајќи се на извор од армијата. Војниците одлучиле да ослободат министри и членови на владејачката партија Националната лига за демократија, кои беа уапсени вчера по извршениот државен удар против Владата на премиерката Аунг Сан Су Чи, која исто така беше уапсена заедно со претседателот на Мјанмар, Вин Мјинт.

Точниот број на ослободените се уште не е соопштен.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски