OН: Во судирите во Украина досега загинаа 4.132 лица

Од:

Билансот на жртвите на судирите во источна Украина достигна 4.132 лица, се наведува во вчера објавениот извештај на Службата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, јави ТАСС.

– До 11 ноември најмалку 4.132 лица се убиени (од кои 298 се жртви во уривањето на летот МХ17 на Малезиските авиолинии), а 9.747 се ранети во источна Украина, се посочува во документот.

Во извештајот се додава дека според Службата на Високиот комесар за човекови права и Светската здравствена организација реалната бројка на загинати е значително поголема.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион