ОН: Во северозападна Сирија за два месеци раселени 520 илјади луѓе

Од:

Поради офанзивата на сириските владини сили против последната бунтовничка енклава на северозапад, раселени се 520.000 луѓе во рок од два месеца, јави ДПА.

Огромно мнозинство – 80 проценти – од нив се жени и деца, изјави Дејвид Свонсон, портпарол на Службата на ОН за координација на хуманитарна помош.

Тој додаде дека дневните напади од воздух и артилериски оган резултирале со „непотребно страдање за локалните заедници во текот на изминатите девет месеци, при што многумина немаа друг избор освен да избегаат за да го спасат својот живот“.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад