ОН: Ризикот од ескалација во Сирија ќе расте од час во час ако не се преземе ништо

Од:

Ако ништо не се направи, ризикот од ескалација „ќе се зголеми од час по час“ во североисточна Сирија, каде најмалку 33 турски војници беа убиени во воздушните напади од страна на сирискиот режим и нејзиниот руски сојузник во четвртокот, предупредува портпаролот на ОН.

„Генералниот секретар (Антонио Гутереш) го повтори својот повик за итен прекин на огнот и ја искажува својата најголема загриженост за последиците што воената ескалација може да ги има врз цивилите“, се вели во соопштението на портпаролот на ОН, Стефан Дјужарик.

„Ако нема брза реакција, ризикот од ескалација ќе се зголеми од час во час“, додаде тој.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди „ воздушните напади на сирискиот режим и нејзиниот руски сојузник“ во провинцијата Идлиб, а САД ги повикаа Сирија и Русија да ја запрат својата „грозоморна офанзива“, во која загинаа најмалку 33 турски војници вчера.

„Ние ја поддржуваме Турција, нашиот партнер во НАТО и продолжуваме да бараме моментален крај на оваа грозоморна офанзива на режимот на Асад, Русија и силите поддржани од Иран“, се вели во соопштението на Стејт департментот на САД.

Гувернерот на турската област Хатај, Рахми Доган, истакна дека бројот на загинатите турски војници во воздушниот напад во Идлиб се искачи на 33 лица, јави Анадолија.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ