ОН повикаа на зачувување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа

Од:

ОН повикаа да се направи се за да се зачува договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, откако руските власти во текот на денот објавија дека се повлекуваат од тој договор поради нападите врз руски бродови на Крим.

„Од витално значење е сите страни да се воздржат од каква било акција што би го загрозила договорот за транспорт на жито на Црното Море“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик.

Руските власти денеска објавија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, од витално значење за снабдувањето со храна во светот, по нападот што Москва им го припишува на Украина и на Велика Британија.

Договорот склучен во јули под покровителство на ОН и Турција, овозможи извоз на неколку милиони тони жито блокирано во украинските пристаништа од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари. Таа блокада предизвика скок на цените на храната и ги зголеми стравувањата од глад.

Турските власти соопштија дека не се официјално известени за повлекувањето на Русија од договорот, потпишан на 22 јули во Истанбул.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 34 украински беспилотни летала

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО