ОН повикаа на итно враќање на демократијата во Буркина Фасо, по државниот удар

Од:

Канцеларијата за човекови права на ОН од Женева побара итно обновување на демократијата во Буркина Фасо, откако армијата вчера ги собори демократски избраните претседател и влада, го суспендираше уставот и ги затвори границите на оваа западно африканска држава, јави ДПА.

-Бараме итно враќање на уставниот поредок, изјави денеска во Женева портпаролката на високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет.

Таа, исто така, ја повика армијата да го ослободи демократски избраниот претседател Кристијан Каборе и другите функционери кои ги приведе вчера и завчера.

Превирањата во оваа западно африканска држава избувнаа во неделата, кога се појавија и извештаите за бунт на војската во касарните во главниот град Уагадугу и два северни града, потсетува германската агенција.

Владата првично негираше дека е во тек државен удар и соопшти дека се е под контрола. Но, вчера претседателот Каборе беше одведен во воен камп и новите водачи на хунтата во Буркина Фасо изјавија дека неговата влада е соборена.

Пред пучот демонстрантите бараа оставка од Каборе кои го обвинуваат него и неговата влада за непреземањето дејствија против зголемената закана од исламистичкиот тероризам, што драстично се зголеми во последните месеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска