ОН: Постигнат е договор за излез од кризата во Јемен

Од:

Постигнат е договор за излез од кризата во Јемен, каде се бореа шиитски бунтовници и сунитски борци поддржани од армијата, изјави претставникот на ОН Џамал Беномар, но не прецизира дали страните се договориле за прекин на огнот.

– По интензивни консултации со сите политички страни, вклучувајќи ја и групата „Ансар Алах“ (вооружената гранка на шиитските бунтовници „Хути“), постигнат е договор за решавање на актуелната криза во Јемен, рече Беномар во коминике.

– Овој договор ќе биде национален документ кој ќе отвори пат за мирна промена и ќе ги постави темелите за национално партнерство, за безбедност и стабилност, додаде претставникот.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен