Насилството во Јемен досега зеде најмалку 1.850 жртви, а над 545.000 Јеменци ги напуштиле своите домови, соопштија денеска во Женева порпароли на ОН, цитирани од француските медиуми.
Според податоци на Службата на ОН за координација на хуманитарни прашања, што се занимава со итни ситуации, јеменските здравствени служби јавуваат за 1.850 убиени и и 7.394 ранети лица.
Едриан Едвардс, портпарол на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, информира дека бројот на лицата кои од март принудно ги напуштиле своите домови се проценува дека изнесува над 545.000.
Вчера завршениот прекин на огнот на агенцијата на ОН за бегалци и овозможи да испрати помош од центрите за делење помош во Сана и во Аден. Помошта била поделена во региони во кои има отежнат пристап. Шест авиони со помош без никакви проблеми слетале во Сана, додаде тој.
Прекинот на огнот, меѓутоа, не траеше доволно долго за да ја овозможи распределбата на целата првично предвидена помош во храна, информира Елизабет Бирс, портпаролка на Светската програма за храна на ОН.
– Не беше поделена околу половина од предвидената помош во храна Разделени се 400.000 пакети со храна, а помош беше предвидена за 738.000 лица.