ОН испратија камиони со хуманитарна помош за Идлиб

Од:

Обединетите Нации денеска испратија 19 камиони со хуманитарна помош во сириската област Идлиб, јави агенцијата Анадолија.

Камионите го поминаа турскиот граничен премин „Чилвеѓозу“ во јужната област Хатај.

Помошта ќе биде дистрибуирана до оние на кои им е потребна во Идлиб и неговите рурални подрачја.

Турција и Русија минатиот септември се договорија да го претворат Идлиб во зона на деескалација на судирите, каде што дејства на агресија се строго забранети, потсетува агенцијата. Сириските власти и нивните сојузници сепак постојано ги прекршуваат условите за прекин на огнот, и често извршуваат напади во зоната без судири.

Во деескалациската зона во моментот живеат околу четири милиони цивили, вклучувајќи стотици илјади раселени лица.

Во Сирија се води жестока војна од почетокот на 2011 година, кога Башар ал Асад презеде строги мерки кон продемократските протести.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години