ОН: Доколку се потврдат хемиските напади во Мосул, тоа е воено злосторство

Од:

Доколку бидат потврдени хемиските напади во Мосул, тие претставуваат сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право и воено злосторство, изјави хуманитарниот координатор на ОН за Ирак, Лиз Гранде, цитирана од американските медиуми.

-Тоа е ужасно. Никогаш нема оправдување, никакво оправдување, за употребата на хемиско оружје, рече таа.

Дванаесет лица, меѓу кои и жени и деца, се однесни во болница заради проблеми предизвикни од можното изложување на хемиско оружје, забележаа британските медиуми.

Претпоставениот хемиски напад виле извршен неделава во источниот дел на Мосул, што во јануари беше прогласен за целосно ослободен од страна на ирачките сили, во реонот во близина на реката Тигар, која градот го дели на два дела.

Поголемиот дел од западен Мосул и натаму се наоѓа под контрола на групата Исламска држава.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак