Високата претставничка на ООН за човекови права, Мишел Башале денеска ги повика белоруските власти да ги ослободат сите лица кои биле незаконски уапсени на протестите по претседателските избори одржани на 9 август.
Таа повика на истрага на околу 2.000 жалби за тортура или малтретирање во единиците за притвор
– Повеќе од 900 лица, вклучително и опозициски кандидати, адвокати, новинари и активисти, се соочуваат со кривични обвиненија за учество во масовни протести, рече Башале пред Советот за човекови права во Женева.