Оланд: Разговорите беа една од последните шанси за избегнување војна во Украина

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека разговорите водени од него и германскиот канцелар Ангела Меркел со рускиот претседател Владимир Путин, се една од последните можности да се избегне војна.

– Мислам дека тоа е една од последните шанси. Ако не успееме да постигнеме траен договор за мир, знаеме какво е сценариото – тоа има само едно име и се нарекува војна, изјави Оланд кој се врати во Франција по разговорите со Путин и Меркел во Москва.

Ангела Меркел вели дека доставувањето оружје нема да помогне за прекин на конфликтот во Украина.

– По разговорите во Москва, не е извесно дали француско-германската иницијатива ќе успее, изјави Меркел во Минхен.

– Сепак, по мое мислење и на францускиот претседател, дефинитивно вреди да се обидеме. Верувам дека толку им должиме на оние кои се загрозени во Украина, додаде таа.

Меркел денеска продолжува нова рунда од дипломатски напори за прекин на конфликтот во Украина.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности