Оланд не се збогува со политиката: Има уште многу да се направи

Од:

Шефот на француксата држава во заминување Франсоа Оланд денеска изкави дека и по завршувањето на функцијата претседател на Републиката, не може „да биде ставен на страна“ од политиката, нагласувајќи дека „секогаш некој ќе има потреба од него“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, прашан дали со истекот на неговиот мандат тој „завршува со политиката, Оланд даде негативен одговор. – Не, јас завршив со должностите како претседател на Републиката, но како и секој граѓанин, без оглед на местото, без разлика што била неговата улога и без разлика на неговата позиција, мора да ја имам политиката предвид, рече Оланд по завршувањето на свеченоста по повод годишнината од укинувањето на ропството во Франција.

– Политиката е живот во Франција, политиката е од суштинско значење за изборот на земјата и затоа никој не може да се стави настрана од неа, изјави Оланд, истакнувајќи дека „секогаш може да биде од полеза“.

– Јас си го поставив истото прашање, кое постојано доаѓа, како можам да бидам корисен за мојата земја? Па на тоа прашање јас одговорам сега, размислувајќи, работејќи, производувајќи и интервенирајќи кога тоа ќе ми изгледа корисно, додаде тој.

На прашањето за присуството на ноивоизбраниот претседател Емануел Mакрон на оваа церемонија, Оланд, рече дека „тоа е дел од транзицијата“.

Говорејќи по церемонијата во Паркот Луксмебург, Оланд предупреди на опасноста од растот на екстремната десница, по што предизвика смеење кај публиката кога на својот наследник му се обрати: „Има уште многу да се направи господине Претседателе“,

– Вам ви останува сега, господине Претседателе, да ја носите пораката на Франција, во Европа и насекаде во светот, нагласи Оланд.

Би можело да ве интересира

Французите формираа Кризен штаб поради саботажа на железницата

Горан Наумовски

Нова драма во близина на границата во Франција: Евакуиран аеродром

Горан Наумовски

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“

Горан Наумовски

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

(ВИДЕО) Најмалку седум лица загинаа во пожар во зграда во Франција