Оланд, Меркел и Порошенко разговарале за Украина

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со украинскиот претседател Петро Порошенко за состојбата во Украина, соопшти Елисејската палата.

-Тие зборуваа за преговорите помеѓу Киев и Москва за примена на договорот од Минск, особено за прекин на огнот, размена на затвореници и почеток на дијалог со сепаратистите во рамки на Контакт група-стои во соопштението. Според наводите Оланд и Меркел ја нагласиле важноста од пронаоѓање на институционално решение за исток на Украина, со почитување на територијалниот интегритет на државата.

Меѓудругото двајцата лидери апелираат Порошенко да спороведе реформи со цел да се подобри економската ситуација во Украина. Меѓународниот монетарен фонд кој оваа пролет на Киев му обезбеди 17 милијарди помош од планираните 27 предупреди дека до крајот на 2015 година на државатаќе и бидат потребни уште 19 милијарди долари.

Украинските власти за возврат треба на Русија да и го вратат долгот за гас и да најдат решение за кризата со јаглен, со која се соочува државата од почеток на оваа зима.

Инаку и покрај договорот за примирје од минатиот вторник, судирите на исток на Украина се уште не престанаа, а според податоци на ОН, само во последните три недели загинале 300 лица, со што вкупниот број на жртви во судирите помеѓу украинската војска и проруските бунтовници изнесува 4.634.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион