Оланд ја поддржа екс љубовницата

Од:

Првата дама на Франција Валери Триервеилер и „удри“ твитерски „шамар“ на поранешната партнерка на претседателот Франсоа Оланд, Сеголен Руајал со испраќање на „твитер“ порака за поддршка на нејзиниот противник, кандидатот-дисидент од редовите на социјалистите Оливие Фалорни.

Триервеилер (47), работи како новинар и има зад себе два брака. Таа е идната животна сопатничка на претседатолот Оланд.

Со помош на Твитерот му посака среќа на Оливие Фалорни, којсо Руајал се натпреваруваат за позицијата пратеник од Рошел.

Претседателот Оланд, пак изјави дека неговата поранешна партнерка, Сеголен, е единствениот кандидат кој ќе ја добие неговата поддршка.

Руајал не ја коментираше најновата “твит” порака, велејќи дека неа ја интересираат само мислењата на гласачите. Од друга страна пак Оливие беше пресреќен што ја добил поддршката на претседателовата свршеница.

„Ова е прекрасна порака за пријателство и морална поддршака со оглед на околностите кога јас сум на мета на многу неправедни напади“, изјави Фалорни.

Лиерката на Социјалистичката партија Марин Обри, која пристигна денес во Рошел за да и помогне наа Сеголен Руајал , изјави дека Франција има доволно проблеми и нема потреба повеќе да се зборува за оваа афера.

„Единственото нешто што е важно за нас е изјавата на Франсоа Оланд кој ја посочи Сеголен Роајал“, рече таа.

Оланд неколку децении беше вонбрачна врска со Сеголен Раоајал и со неа има четири деца, а на нејзината страна застана и кога се кандидраше за претседател во 2007 година, иако уште од 2005 беше во емотивна врска со новинарката Валери.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Се урна авион во Франција, пилотот не успеа да се катапултира

Горан Наумовски