Оланд ги повлекува трупите од Авганистан

Од:

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, потврдил дека во јули ќе започне повлекувањето на француските трупи од Авганистан.

„Повлекувањето ќе започне во јули и ќе биде спроведенно и завршено до крајот на 2012-та година“, изјавил Оланд.

Францускиот претседател рекол дека до тогаш ќе направи се што е неопходно, француските трупи да ги извршат своите задачи во Авганистан, но дека нивната безбедност мора да се зајакне.

„Јас ќе се ангажирам за тоа и ќе гарантирам за таа операција“, вели Оланд.

Тој најавил дека ќе биде оддадена почит кон загинатите француски војници во денешниот самоубиствен напад во авганистанската провинција Капис. Тоа се први жртви на француската војска од кога е Оланд претседател.

Во Авганистан од 2001-та година загинале 87 француски војници. Во таа земја се наоѓаат 130 илјади странски војници.

 

 

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција