Олаф Шолц ќе ја посети Москва на 15 февруари

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ја посети Русија на 15 февруари, а претходно ќе замине во Вашингтон и Киев, објави Зидојче цајтунг.

Канцеларот има намера да ги интензивира дипломатските напори во врска со ситуацијата во Украина. Според изданието, во вторник, 8 февруари, Шолц во Берлин ќе разговара со претседателите на Франција Емануел Макрон и на Полска Анджеј Дуда во рамки на т.н. Вајмарски триаголник. Тие ќе се фокусираат на решавање на конфликтот во Украина.

Шолц синоќа во интервју за ЗДФ најави дека планира средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин, без да прецизира конкретен датум.

Тој нагласи дека активно соработува со сојузниците и партнерите од ЕУ околу прашањето за Украина. Според прес-службата на германската Влада, Олаф Шолц имал само еден телефонски разговор со рускиот претседател од преземањето на функцијата на 8 декември минатата година.

Германскиот канцелар е предвидено да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон на 7 февруари. Во соопштението на Белата куќа се вели дека „лидерите ќе разговараат за заедничката поддршка за дипломатијата и заедничките напори за спречување на натамошната руска агресија врз Украина“. Тие ќе се осврнат и на прашањата за борба против пандемијата на Ковид-19, климатските промени, економскиот развој и зајакнувањето на меѓународната безбедност врз основа на демократските вредности.

Извор: МИA

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Непопуларниот германски канцелар е избран од партијата да се кандидира за втор мандат

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија