Оконџо-Ивеала: Ограничувањата за извоз на вакцини мора да бидат привремени

Од:

Генералната директорка на Светската трговска организација СТО, Нгози Оконџо-Ивеала изјави дека е разочарана од планот на Европската унија за ограничување на извозот на вакцини против коронавирус.

На онлајн настан на СТО, таа рече дека разговарала со официјални претставници на ЕУ за тоа и дека ја разбира политиката на ЕУ, но дека е разочарана, особено од фактот што одлуката беше продолжена за во март.

Таа истакна дека ограничувањата за извоз на вакцини мора да бидат привремени.

Европската комисија на 11 март соопшти дека ќе го продолжи механизмот воспоставен на крајот на јануари, до крајот на јуни, по објавата на фармацевтските компании дека ќе доцнат со испораките во земјите на ЕУ.

Компаниите треба да добијат одобрување пред да извезат вакцини против Ковид-19 и нивното барање за извоз може да биде одбиено доколку не ги почитуваат своите обврски за испорака спрема ЕУ.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он