Околу сто странци со незаконски статус уапсени во Романија

Од:

Околу сто странци се уапсени поради незаконскиот статус во Романија изминатите две недели во рамки на европската операција ПЕРКУНАС, спроведена под покровителство на литванското претседателство на ЕУ.

Во периодот од 31 септември до 13 октомври припадници на Министерството за внатрешни работи и граничната полиција спроведоа 74 акции, во кои се уапсени околу сто странци со неуреден законски статус во Романија. Повеќето од уапсените се државјани на Турција, Молдавија, Кина, Тунис и Сирија.

Европската операција ПЕРКУНАС има за цел борба против незаконската имиграција и собирање информации за имиграциските канали во земјите-членки, специјално за собирање информации за основните маршрути, кои ги користат нелегалните имигранти, главните држави-десетинации за имигрантите, земјите, од кои доаѓаат, како и превозните средства, кои ги користат, соопшти Генералниот инспекторат за имиграција.

Романија петти пат учествува во ваков вид операции, кои се спроведуваат од 2011 година на европско ниво.

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген