Околу четвртина од мажите во Азија признаваат дека извршиле силување

Од:

Безмалку една четвртина од мажите во Азија признаваат дека барем еднаш имаат извршено силување, покажува истражувањето на Обединетите нации за насилството врз жените на овој континент. Истражувањето во кое учествувале 10.000 мажи од шест азиски земји, открива дека појавата за силување на жени е поврзано со односот меѓу мажите и жените, па сепак, еден од четворица мажи признале дека извршиле силување на жена која не била нивна партнерка. Од оние мажи кои признале дека биле силувачи, дури 50 отсто изјавиле дека тоа не им било прво или единствено силување.

Во сите земји каде и извршено истражувањето сознанијата за односот на мажите кон жените е различно. Во Папуа-Нова Гвинеја, силување признале дури шестмина од десет испрашувани мажи, што е многу повеќе отколку во Бангладеш или во Шри Ланка, каде како силувачи се јавуваат еден од десет мажи. Во Камбоџа, Индонезија и во Кина тој однос на силувања се движи меѓу еден и пет, меѓу половината од мажите кои во истражувањето на ОН признале дека извршиле повеќе од едно силување. Истражувањето открива дека многу повеќе силувања се извршуваат во руралните средини, отколку во градовите.

Делови од обемното истражување за насилството врз жените се објавени и во специјализираното британско списание „Лансет“.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин до рускиот банкар: Илон Маск ќе и се врати на науката., здружете ги силите со него

Предраг Петровиќ

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ