Околу 75.000 лица „заглавени“ на границата на Јордан со Сирија и Ирак

Од:

Поради одлуката на Јордан за ограничување на влезот на бегалци во земјата, околу 75.000 лица се наоѓаат „загалвени“ во меѓуграничниот појас на јорданската граница кон Сирија и Ирак, соопшти денеска меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешанл“ (АИ).

Организацијата во своето соопштение наведува дека сателитските снимки од теренот покажуваат дека на „ничија земја“ во пустината на североисточната граница на Јордан кон Сирија е подигнат импровизиран бегалски камп. Во исто време, неколку илјади бегалци се наоѓаат и на јорданско-ирачката граница.

Властите на Јордан одбиваат да примат нови бегалци со образложение дека во земјата веќе се наоѓаат над милион Сиријци, од кои само околу 650.000 официјално се регистирани како бегалци од страна на ОН. Според Аман, ваквата одлука е донесена од безбедносни причини.

Состојбата на бегалците заглавени на границата се влоши по јуни годинава, кога при бомбашкиот напад на преминот беа убиени шестмина јордански војници, по што речиси целосно беше запрена дистирбуцијата на хуманитарна помош.

Во текот на минатиот месец до бегалците на границата стигнала само една пратка со хуманитрана помош и храна.

АИ во соопштението наведува дека бегалците се наоѓаат во „многу тешка“ состојба и дека секојдневно расте бројат на заболени од хепатитис, како последица на недостигот на чиста вода и неможноста за одржување на хигиената.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он