Околу 700 генерички лекови ќе бидат повлечени од продажба во Европа

Од:

Од 21 август околу 700 генерички лекови произведувани и тестирани во Индија ќе бидат повлечени од продажба во Европа, јави дописникот на МИA од Париз.

Одлуката за нивното повлекување ја донесе Европската агенција за лекови (ЕМА), откако откри дека не се почитуваат постапките за клинички тестови на овие лекови во фабриките во Индија.

Овие генерички лекови во Европа се комерцијализирани под имињата на големи светски фармацеутски индустрии како „Милан“, „Тева“ или „Санофи“.

На долгата листа од стотина лекови се наоѓаат и некои кои се широко употребувани како антидепресорите „Сероплекс“, „Ефексор“, антихистаминици или против болка како геричкиот лек на „Адвил“.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

Два лека од оние што недостасуваа пристигнаа на Онкологија

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена